46-годишната Џоен Лич, од Англесеј, се обидувала да се доведе во форма за идниот семеен одмор во Турција, за кој долго време сонувала.

Џоен се подготвувала за одморот, обидувајќи се да се ослободи од вишокот килограми така што постоајно вежбала. На кобниот ден, жената вежбала во нивниот дом, на статичен велопсипед, гледајќи телевизија.

Кога станала од велосипедот, набрзо во следниот момент, Џоен се онесвестила. Нејзиниот избезумен сопруг веднаш се обидел со вештачко дишење да даде прва помош, но за жал, тоа не успеало.

„Таа беше првата љубов на мојот живот и ќе остане и последна. Едноставно сè уште не можам да поверувам дека ја нема. Секојдневно вежбање на велосипедот обидувајќи се да се доведе во форма за нашиот семеен одмор. Го купив бидејќи многу го посакуваше тој велосипед, но сега, по нејзината смрт, го фрлив. Се чувствувам како јас да ја донесов смртта во нашиот дом“- вели нејзиниот сопруг, 47-годишниот Џастин Беилхенсон.

Претходно, Џоен немала никакви здравствени проблеми и стоела одлично со здравјето. Пред еден месец започнала да работи и ноќни смени во здравствениот дом во кој работела.

На кобниот ден, по работата жената прво отишла на спиење, а потоа кога се разбудила веднаш започнала со вежбање на велосипедот.

„Таа започна да вежба на велосипедот, а јас седев во нејзина близина и го поправав нејзиниот часовник. Одеднаш стана, се пожали дека се чувствува лошо и се онесвести. 20 минути се обидував да ја вратам во живот но залудн.“- додава ожалостениот сопруг.

Подоцна било констатирано дека Џоен починала од мозочно крварење. Мозочните крварења опфаќаат 8% од мозочните удари, но имаат највисок смртен исход.

Џастин и Џоен се запознале на 13-годишна возраст и веднаш се заљубиле еден во друг. По завршувањето на училиштето се разделиле, но животот подоцна повторно ги обединил. Зад себе Џоен од бракот со Џастин остави три деца, Фара, Џорџија и Џенсен.