Смоквата уште од древните времиња ја стекнала својата популарност благодарение на нејзините моќни квалитети и чудесниот вкус. Покрај во свежа форма, таа е извонредно лековита и во сушена форма.

Лековити придобивки од сувите смокви

  • Повеќекратно ја зголемуваат и подобруваат функцијата на внатрешните органи, давајќи му на организамот неверојатна енергија. Го подобруваат расположението, работоспособноста и мозочната функција.
  • Содржат огромно количество на соединувачко ткиво, кое ја обновува и подобрува функција на дигестивниот тракт.
  • Богати се со калиум, калциум, магнезиум и железо, како и витамини од Б групата, со што се клучни за зајакнување на коските.
  • Ја зголемуваат антиоксидантната активност на крвната плазма, ги зајакнуваат ѕидовите на капиларите и помагаат во процесот на апсорпција на витаминот Ц.
  • И последно, но не помалку важно, сувите смокви се одлично средство за слабеење. Нивната секојдневна консумација го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, помага во збрзување на метаболизамот, ги отстранува токсините од организамот и ќе ве ослободат од вишокот килограми.

Стар рецепт од смокви за целосно рестартирање на организамот

Овој лек се користи уште од древни времиња, а служи за значително подобрување на физичката и умствената способност на организамот, притоа и како лек за разни заболувања, а се приготвува многу лесно.

Потребни состојки

  • 20 суви смокви
  • Масло за готвење

Начин на подготовка

Исечете го секој плод на половина и така наредете ги смоквите во тегла. Следно, полејте ги истите со масло за готвење, 1 цм над нивното ниво. Така приготвената смеса се остава да отстои 40 дена во ладилник.

Начин на употреба

Се консумира по половина смоква и 1 кафена лажица од маслото за готвење, во кое биле потопени плодовите. Уште на самиот почеток од третманот, ќе ги почувствувате неговите лековити својства.

Можете 2-3 годишно да го приготвувате овој лек.