За жал, не сите луѓе имаат ваква линија на нивната рака. Доколку ја пронајдете на вашата, тогаш не заборавајте дека имате среќа и радувајте се, бидејќи вашиот ангел чувар секогаш ќе ве штити од непријатности.

Линијата на ангел чуварот покажува дека личноста која има ваква линија на раката во тешките моменти во животот секогаш ќе биде заштитен од вишите сили и благодарение на истата секогаш ќе најде излез од непријатната ситуација.

Сопствениците на ваква линија покрај тоа што имаат голема среќа, исто така имаат и добро развиена интуиција. Тие секогаш ги остваруваат своите цели во животот, бидејќи исто така поседуваат и неверојатна интелектуалност.

Доколку линијата на ангел чуварот е на десната рака, тоа означува дека личноста се здобила со заштитата од вишите сили благодарение на нејзините лични заслуги, без разлика дали станува збор за добро направено дело или поради тоа што личноста страдала многу во минатото.

Доколку линијата на ангел чуварот е на левата рака, тоа означува дека личноста се здобила со заштитата на вишите сили уште од своето раѓање.