Џана Шортино непрестано постојано одеше на бројни кастинзи, бидејќи нејзината желба беше да стана Холивудска ѕвезда и успешна актерка. По одредено време, девојката сфатила дека постојано ја одбиваат, поради нејзиниот изглед.

Наместо да ги оценуваат нејзините актерски квалитети, кастинзите на Џана најчесто завршувале неуспешно поради нејзиниот вишок килограми. Тоа за девојката бил вистински пораз, бидејќи пак, од друга страна, сите велеле дека има неверојатен талент за глумење.

Но, по бројни неуспешни обиди и лоши улоги, Џана доби можност да глуми во мјузикал, а токму таа шанса го промени нејзиниот живот. По добиената работа во 2016-та година, девојката реши целосно да се промени самата себеси.

Патот низ кој требаше да помине беше навистина трнлив, а Џана мораше дури и да направи операција за намалување на стомакот, поконкретно да направи хируршка процедура за стеснување на желудникот.

По операцијата, Џана стекнала поздрави навики и значително го намалила количеството на храна кое вообичаено го консумирала. Целиот нејзин живот се променил кон подобро.

„Не верувам кога жена со полна фигура ќе ми каже дека не јаде ништо, а се дебелее. Сè е релативно. Јас јадев многу нездрава и штетна храна. Огромни кутии со пилешки крилца и пржени компири беа моето секојдневие. Сега гледам во друга, различна насока.“- вели Џана.

Покрај позитивните и здрави промени во исхраната, Џана започнала да посетува и теретана, односно одела 5 пати во текот на неделата и вежбала по неверојатни 2 часа.

Промените веќе биле видно забележително по 1 година, а токму по овој успешен период на преобразба и професионалниот живот на Џана тргнал кон подобро, при што сега таа се смета за успешна Холивудска актерка.