Откако цела недела, секојдневно сте сте насладувале на обилни вкусни јадења, тогаш најверојатно сте помислиле дека на вашиот организам му е потребен одмор и детоксикација.

По детоксикацијата, повеќето луѓе велат дека се чувствуваат посвежи, полесни и поенергични.

Но, многумина не знаат што се случува во телото за време на тридневно „чистење“ на организамот.

Ден 1

Oткако телото сте го навикнале на обилна храна, сега го ставате под стрес и тоа за возврат бара храна, што предизвикува да се чувствувате гладни.

Доколку инаку консумирате исхрана со ниско ниво на јаглехидрати, тоа може да резултира со појава хипогликемија затоа што вашето тело не е навикнато на шеќери од природниот сок.

„Секој сок го исполнува нашето тело со едноставни шеќери, што од организамот да произведе повеќе инсулин со поголема брзина, при што нивото на шеќер во крвта може да дојде до мнгу ниско ниво, а тоа пак може да доведе до онесвестуваљњњ или чувство на слабост“- вели д-р Ен Карсон, професорка по клиничка исхрана на Универзитетот во Тексас.

Ограничувањето на внесот на калории може да влијае и врз нивото на глуокза, која е основен извор на енергија за работата на мозокот.

Ден 2

За време на процесот на чистење, само внесувајте овошје и зеленчук во вашето тело, така што наутро ќе се чувствувате полесно и ќе имате повеќе енергија.

Доколку секој ден консумирате кафе, „наглото прекинување на истото, може да доведе до проширување на крвните садови, што би резултирало со појава на главоболка“, вели гастроентерологот Робин Чуткан.

Во текот на вториот ден, бидете подготвени за почести посети на тоалетот.

„Без хранливи влакна или протеини за забавување на апсорпцијата, шеќерот од секој сок внесува течност во вашиот дигестивен систем, што резултира во почеста работа на дебелото црево“, вели Карсон.

Запомнете соковите не се замена за изгубената течност. Важно е го одржувате нивото на хидратација.

Ден 3

Некои луѓе чувствуваат многу повеќе копнеат по вкусна храна. затоа што крајот е близу и веќе планираат што ќе јадат следниот ден.

Во текот на првите два дена, метаболизамот забавува, но само затоа што тој немаше многу храна за преработување. Сепак, тоа е привремена промена што ќе се врати во нормала штом повторно ќе започнете да јадете нормално.

Иако се чувствувате добро, „треба да имате на ум дека за време на тридневното чистење, ви недостасуваат макронутриенти како протеини и масти што ви се потребни“, вели д-р Чуткан.

Пред да започнете со чистење на телото со сокови, треба да знаете неколку работи:

„Се верува дека соковите можат да го„ исчистат “дигестивниот тракт, што не е точно. Вашиот црн дроб и бубрезите ги прават сите неопходни чистења“, вели нутриционистката Кимберли Сасо.

„Прочистувањето на соковите е тренд“, вели Сасо. Нема јасни докази за да се покажат здравствените придобивки од овој тренд и тој вели дека таквата детоксикација може да направи повеќе штета отколку добро.

“Соковите ја намалуваат содржината на растителни влакна и оставаат само некои витамини, минерали и некои фитонутриенти во организамот. Покрај тоа, тие содржат малку протеини, така што телото ги разградува своите резерви на енергија, вклучувајќи ги и мускулите”- вели Сасо.

Ова не значи дека мора да престанете да консумирате природни сокови. Подобр начин би било да се „мешаме“ наместо да се исцеди, затоа што така ги задржуваме сите витамини и растителни влакна.