Лаењето е само еден од начините на кои комуницираат кучињата, односно еден од начините на кои кучињата „зборуваат“. Иако е сосема нормално кучињата да лаат, понекогаш тие стануваат премногу гласни.

А во тие ситуации,  кога имате соседи на кои многу им пречи истото, понекогаш само треба да го замолчите вашето куче.

Ова куче обожава да лае дома, но неговиот сопственик морал да му забрани, бидејќи крзнениот член на семејството претерал со неговото лаење.

На кучето не само што не му се допадна забраната, туку на истата реши да одговори на генијален начин. Тој му покажа на сопственикот дека може многу тивко да лае, а со тоа воодушеви илјадници луѓе.

Кучињата се често помудри отколку што мислат луѓето, а ова куче е  вистински пример за тоа. Слушнете го неговото тивко лаење во видеото подолу: