Сите ние знаеме да бидеме неврозни од време на време. Но, константната нервоза може да биде дестркутивна за нашата тежина.

Нервозата и бесот не се само обично врескање или лошо расположение. Постојат дури  3 типови на бес.

Секој од нив има свои симптоми, вклучувајќи луѓето да се обвинуваат самите себе, да преземаат ризик, да им се појават лажни солзи или емоции кои ќе ги турнат на самиот раб на плачењето и сл. Сите тие симптоми можат да влијаат многу и врз самиот организам да остават сериозни последици, многу повеќе од само еден уништен ден.

Еден од непосакуваните крајни ефекти како резултат на постојаната нервоза и бесот, е дебелеењето. Во продолжение прочитајте зошто е вредно секогаш нервозата да ја контролирате:

1. Сè започнува со адреналинот

Бесот не се манифестира само при нашата емоционална состојба, туку и преку хемиските процеси во телото. Кога стануваме нервозни, адреналинот во организамот се ослободува. Тој ни служи за да нè подготви за „борба“. Нè активира и предизвикува анксиозност.

Поради циркулацијата на крвта од внатрешните органи до мускулите, не можеме да почувствуваме глад додека сме нервозни. Но, тоа има само краткотраен ефект.

Откако ќе се спушти нивото на адреналинот, чувствуваме дека мора да ја надокнадиме сета изгубена енергија и затоа започнуваме да се чувствуваме многу гладни. Врз основа на фактот што сме анксиозни, тоа придонесува во таквата состојба, гладот да биде исклучиво на емоционална и психичка состојба, а не дека на телото навистина му е потребна храна.

Тоа значи дека можеме да консумираме нешто што не е здраво за нас, но ќе ни овозможи задоволство и радост, храна која ќе нè утеши после нервозата, без вистински да размислуваме за последиците.

1.2 Што може да направите:

Обидете сè да не се справувате со стресот преку јадењето. Обратете многу внимание на вашата исхрана и престанете да јадете веднаш штом ќе се чувствувате сити. Тоа ќе ве спречи и ќе ви помогне да не добиете вишок килограми.

2. Анксиозноста е причина за стрес

Анксиозноста придонесува кон зголемување на стресот. А поради тоа, нивото на хормонот кортизол опаѓа. Со тоа, не само што се зголемува шансата за срцеви заболувања и висок крвен притисок, туку влијае и на нашата тежина.

Кортизолот го претвора шеќерот во крвта во масти и ја забавува дигестијата. Како резултат на тоа, телото ја зголемува својата тежина и формира масти кои можат да бидат штетни за нашето здравје.

2.2 Што може да направите:

Исфрлете ги од вас негативните мисли и чувства, преку некоја физичка активност. Отидете во теретана, вежбајте дома или пак, отидете на прошетка во парк, односно природа. Тоа ќе ви помогне да се освежите и да ја ставите нервозата под контрола,

3. Губење на контролата над апетитот

Стресот доведува и до проблеми со спиењето. Кога не спиеме доволно, немаме доволно енергија. А во таква состојба, најверојатно ќе посегнеме кон консумирање храна полна со јаглехидрати, односно нездрава храна, како благото, грицките и газираните пијалоци.

3.3 Што да направите:

Пронајдете начин како да ја вратите хармонијата во вашиот живот. Тоа може да биде преку читање, бројни средби со пријателите, правење на вашата омилена работа, односно било што што ве исполнува и ве прави среќни и задоволни.