Вашето тело постојано ви „зборува“ и понекогаш вашата физичка состојба може да биде директно поврзана со вашите емоции.

Кога не сте способни да се ослободите од негативните чувства, тоа може да се манифестира и претвори во физички проблем. Односно, колку повеќе личноста ги искажува своите чувства, толку помалку се разболува.

Во продолжение следуваат неколку психолошки причини на чести болести и како да ги решите таквите проблеми:

1. Стравот може да предизвика алергии и дерматит

Некои истражувачи велат дека одредени чести алергиски состојби се поврзани со психичкото здравје. Егзема, висока температура и астма, можат да бидат предизвикани поради некоја психичка болест или состојба. Можеби долги години сте страдале од алергија, а причината за неа била непозната. Внатрешниот немир може да ја поттикне таа физичка состојба.

Симптомите на астма и дерматит може да се излечат, со намалувањето на умствената напнатост и ослободување од стравовите и работите кои ве измачуваат емоционално.

2. Опсесијата може да предизвика проблеми со тежината

Проблемите со преумерената тежина можат да бидат предизвикани или поттикнати од опсесивното и претерано размислување, за некои нереални проблеми. Може да сте претерано загрижени за брчките или да имате комплекс поради малите гради или сте непотребно негативно свесни за друг дел од вашето тело.

Негата и грижата за телото е од голема важност и потребно е многу да обрнуваме внимание на доста работи, но претераната грижа и фантазирање може да доведат до непосакувани и опасни резултати.

3. Стравовите и опсесијата можат да предизвикаат симптоми на бројни различни болести во исто време

Можеби ќе започнете да мислите дека страдате од некоја сериозна болест, иако нема причина за тоа. А потоа, кога ќе започнете претерано да размислувата за истата, ќе започнете да ги чувствувате симптомите на вашето тело. Опсесијата и стравовите можат да ве доведат до ваква состојба.

Претераното размислување пропратено со негативни чувства, ја влошува ситуацијата и ги прави замислените болести- реалност.

4. Емоционалниот конфликт и стресот можат да предизвикаат дигестивни нарушувања

Вашиот стомак е контролиран од сложен систем, а животниот стрес може да предизвика импулси и несакани реакции во рамките на дигестивниот систем.

Воспалението на желудникот и гастритисот можат да настанат како резултат на емоционален конфликт меѓу вашите чувства: Неспособноста да превземете одговорност, да пораснете и да пронајдете излез од конфликтите. Кога одбиваме да го видиме внатрешниот конфликт, тој се претвора во физичка болка, во знак на протест и провокација мозокот да обрати внимание и да ги среди чувствата.

5. Критикувањето на самите себе и стравовите можат да предизвикаат главоболки и мигрени

Постојаното критикување на самите себе, ниската самодоверба и внатрешните стравови ве тераат постојано да бидете нервозни и да сте под стрес.

Може да се чувствувате понижено, потценето и многу се трудите да си опростите самите на себе. А таквата емоционална состојба е премногу за вас и вашиот организам.

Токму превисоките очекувања од самите себе, што си ги наметнуваме можат да предизвикаат физички проблеми.

6. Депресијата и анксиозноста можат да резултираат со срцеви заболувања

Депресијата и анксиозноста се поврзуваат со зголемениот ризик на срцеви заболувања. Можеби се чувствувате нервозно и анксиозно секојдневно и по одредено време, чувствувате дека срцето забрзано започнува да чука.

Тие две психички состојби се причината за тоа.

Што да правите за да се ослободите од овие проблеми?

  1. Како што го посетувате лекарот за физичките проблеми, од голема важност е да посетите и психолог, за да со помош на истиот, го откриете коренот т.е изворот на вашата психичка состојба и со соодветен третман да го решите проблемот.
  2. За да се ослободите од стресот и анксиозноста, практикувајте медитација при која длабоко ќе се сконцентрирате на вашите чувства и мисли. Токму на овој начин, експертите сметаат дека ќе стекнете способност да ги контролирате вашите мисли и ќе научите да не се критикувате самите себе, ниту пак да ги осудувате останатите околу вас.