Растенијата во домот, не само што се извонредна декорација, туку имаат и неверојатна моќ која ни дава чудесна енергија.

Иако, тоа често го забораваме кога ги купуваме, бидејќи најпрво ни е важен нивниот изглед и се водиме од нашето чувство на естетика.

Но, што ќе речете за следните 10 растенија? Изгледаат прекрасно, вистински синоним за убавина и буквално можат да ја доведат љубовта и среќата во вашиот дом:

1. Антуриум или „машка среќа“

Ова цвеќе може да има различни цветови. Не ја поднесува сончевата светлина и воедно треба постојано да се наводнува и да се чува на место со висока влажност. Но, едно е сигурно- Ќе ви донесе многу среќа во љубовта.

2. Спатифилум или „женска среќа“

Неговото одгледување е многу едноставо: Најважно е да се наводнува секој ден. Според народните верувања, овој раскоешен цвет им помагал на неомажените девојки побрзо да ја најдат сродната душа.

3. Аихризон или „дрво на љубовта“

Ова собно растение расте во височина до 30 цм. Се карактеризира со многу интересни листови во срцевидна форма. А својот сопственик ќе го направи неизмерно среќен.

4. Хибискус или „кинеска роза“

Препознатлива е по своите големи и прекрасни цветови. Ја обожава температурата, но во самата просторија, истата не треба да надминува 35°C

5. Калатеа

Ова растение ја симболизира семејната среќа.

6. Хлорофитум

Според народните верувања, ова растение носи мир и среќа во семејниот живот.

7. Киселицовидна детелина

Доколку сакате да ја пронајдете љубовта на вашиот живот или да го спасите и зачувате семејството, не заборавајте во домот да си засадите од овој посебен вид на детелина, која потекнува од родот Oxalis.

8. Хоја

Во некои странски земји, ја подаруваат како за Денот на вљубените, при што ја уште ја нарекуваат и „валентинка“. Најдобар ефект ова растение ќе има доколку го засадите во вашата спална соба.

9. Мирта

Ова растение ќе ви помогне за успехот во вашиот брак, а во семејство ќе ви донесе неизмерна среќа и мир. Во светот го сметаат за идеален подарок за младенци.

10. Темјанушка

Во куќата, во која расте темјанушка, луѓето многу малку се караат. Воедно, ова впечатливо цвеќе се смета за симбол на вечната љубов.