Скоро сите луѓе знаат за овој природен зачин, кој е особено популарен во нашата кујна, но многу малку луѓе всушност знаат за чудесните и лековити својства на истиот, кој е особено корисен за нашето здравје.

Станува збор за ловоровиот лист.

Лековити својства и придобивки од ловоровиот лист

  • Го смирува нервниот систем
  • Помага во зајакнување на имунолошкот систем
  • Го прочистува дебелото црево
  • Помага во процесот на прекумерено потење
  • Ги ублажува болките во зглобовите
  • Има моќно и чудесно својство за лекување на проширените вени
  • Ја подобрува умствената функција

Домашно масло од ловоров лист за лекување на проширени вени

Потребни состојки

  • 30 гр ловоров лист
  • 250 мл масло за готвење

Начин на подготовка

  • Најпрво сомелете ги ловоровите листови, а потоа врз истите полејте го маслото за готвење.
  • Добиената смеса ставете ја во стаклен сад или тегла и добро затворете ја истата.
  • Поставете ја теглата со смесата на ладно и темно место. Потребно е смесата да отстои 14 дена.
  • Се препорачува од време на време да ја кренете и придвижите теглата, со цел да се раздвижи самата смеса внатре.
  • Откако ќе поминат 2 недели, прецедете ја смесата.
  • Потоа повторно складирајте ја смесата во сад и во ладна и затемнета просторија и воедно истата може да започнете да ја користите кога и да посакате.

Употреба на домашниот лек со ловоров лист

Пред употреба, може да го загреете добиеното масло и потоа да го нанесете на зоните каде се манифестираат проширените вени и местата каде чувствувате болка.

Истовремено, овој лек е совршено решение во ситуации кога страдате од мигрена, при што повторно само треба да го нанесете маслото на кожата.

Може да се користи и за ублажување на вообичаена главоболка и болка во увото.

Го подобрува апетитот и ја елиминира болката во стомакот и дигестивниот тракт.

Домашниот лек може да го користите и за навлажнување на кожата и лицето, а воедно моќното масло е неверојатно ефикасно во борбата против акни и воспаленија на кожата.