И научно докажано е дека патувањето е одличен стимулатор за добро расположение, корисно искуство за вашата кариера и еден од најдобрите начини за зголемување на самодовербата.

Доколку ви е потреба уште една причина за да конечно се одлучите да отидете на патување, запаметете го ова: Имате само еден живот, па треба да извлечете најдоброто од истиот!

Во продолжение следуваат 10-те најкорисни (и најзабавни) патувања кои секоја жена треба да ги направи барем еднаш во својот живот:

1. Страсно патување

Обожавате кафе? Посетете го Сиетл. Обожавате готвење? Посетете ја Италија. Овожавате лалиња? Веднаш закажете лет за Холандија.

Испланирајте незаборавно патување за посета на место во кое најдобро ќе го истражите и негувате вашето хоби и интереси.

2. Релаксирачко патување

Поставете си за цел и направете си план за мисија, да отидете на патување на некое поизолирано место. Дали тоа ќе биде некоја сокриена плажа на Куба или во пријатна викендичка во некоја шума, отидете на место каде најмногу би се чувствувале спокојни и каде што ќе го негувате вашиот внатрешен мир.

3. Соло патување

Барем еднаш во нејзиниот живот, секоја жена треба да искуси едно легендарно патување без придружба. Ваквото искуство трајно ќе ја зголеми вашата самодоверба и ќе имате можност целосно да уживате во убавините, без некој да ви додева.

4. Навраќање на корените

Вратете се на почетокот и посетете го местото кое вашите претци некогаш го нарекувале свој дом. Едно истражување при Универзитетот Емори дошло до резултати дека луѓето кои повеќе ја познаваат историјата на своето семејно стебло имаат поголемо чувство на сигурност во самите себе и се многу помалку склони да бидат во стрес т.е одлично се справуаат со предизвиците.

5. Патување со воз

Патувањето со воз е најдобриот избор за бајковито патување околу светот. Нема да ве чини многу, споредено со останатите превозни средства, а притоа може да посетите бројни дестинации. Да не ја заборавиме придобивката од фактот дека ќе биде удобно сместени и така ќе можете да уживате и да ги набљудувате убавините што ги нуди светот.

6. Патување во „последен момент“

Поставете си за цел, барем еднаш во животот да отидете на едно сосема спонтано патување. Едноставно брзо спакувајте се, отидете до аеродромот, видете за кои дестинации има слободно место и тргнете во авантура! Не планирајте ништо за ова незаборавно искуство- дозволете сами да видите каде ова магично патување ќе ве одведе!

7. Патување со пријателките

За ова не е потребно додатно објаснување, туку само еден мало потсетување: Времето поминато со вашите најдобри пријателки е од голема важност за вашето здравје и вашата среќа!

8. Активно патување

Сите знаеме дека вежбањето е многу важно за нашето здравје и за одржување на фигурата, па зошто да не ја вклучите оваа супер активност во едно од вашите патувања? Тоа може да го направите на извонредни и неверојатно забавни начини: Нуркање, возење велосипед, планинарење и сурфање се сметаат за едни од најдобрите начини за истражување на прекрасните места на планетата Земја.

9. Патување со автомобил

Покрај тоа што е многу практично, ќе можете да си го контролирате темпото, на некоја локација да се задржите повеќе, на некоја помалку, сето тоа според вашите желби и расположението. Воедно ќе имате можност подетално да ги истражите убавините на една или повеќе земји.

10. Волонтерско патување

Во само една недела може да научните многу, да добиете златно искуство и притоа да им помогнете на остантите- што би можело да биде подобро од тоа? За таа цел, може да си направите истражување на Интернет и да пронајдете организација која бара волонтери за хуманитарни мисии ширум светот.