Речиси сите луѓе денес се интересираат како да ослабнат, како да бидат здрави и како да го живеат својот живот на најдобриот можен начин. Но, со токсините насекаде околу нас, тоа навистина може да биде тешка мисија.

Постепено, токсините од околината се развиваат во нашиот организам, но најмногу во лимфниот систем, бубрезите и црниот дроб.

Наталожените масни наслаги во телото ја отежнуваат работата на срцето и го изложуваат нашето здравје на поголеми ризици.

Единственото нешто кое најдобро му помага на телото да ги исфрли сите токсини е водата. Но и покрај тоа, ние можеме да ја направиме водата уште помоќна и поефикасна, со нејзино мешање со други состојки.

Токму такво е и следното природно лекарство, кое се комбинира со голема чаша вода и прави драстични позитвни промени во нашиот организам. Еве како истото да го подготвите:

Моќен природен наптиок за детоксикација и топење на масните наслаги

Потребни состојки

  • 1 шолја свеж доматен сок
  • Половина лимон
  • 2 супени лажици изрендан ѓумбир
  • 2 стебла целер
  • Лут сос (за вкус)

Начин на подготовка

Измешајте го ѓумбирот и доматниот сок, a потоа и сокот од лимон. Може да додадете малку мелен црн пипер или лут сос за вкус, доколку ги претпочитате пикантните работи, кои исто така дополнително ќе го поттикнат процесот на слабеење.

Декорирајте ја чашата со целерот, но целерот исто така е потребно да го изедете. По консумирањето на моќниот природен напиток, испијте 1 голема чаша вода, но направете го тоа бавно.

Повторете го третманот за прочистување 3 пати дневно.