Тес Холидеј е на прагот на својата 31 година и во последните неколку години таа ужива во својата светска слава. Таа е прогласена за најкрупната манекенка, со тежина од 118 кг и висина од 165 цм.

Таа ја рекламира облеката на неколку истакнати британски модни куќи, чии дизајни се наменети за покрупните дами со облини.

„Не постои само еден начин на кој можете да бидете убави. И ние покрупните го заслужваме своето место под Сонцето“- вели Тес.

На нејзиниот Инстаграм профил, манекенката може да се пофали со 1.4 милиони следбеници, а на секоја фотографија има десетици илјади допаѓања, кое како што вели таа, ја инспирира и ја поттикнува да продолжи со својата кариера.

Како вам ви се допаѓа Тес?