Едноставната диета е наменета да ја практикувате само 3 дена, за кои се предвидува да ослабнете најмногу до 3 килограми. Станува збор за мени со компир и кисело млеко, а благодарение на нивната хранлива вредност нема да се чувствувате гладни во текот на диетата.

Еве како е потребно да ги консумирате:

Ден 1

  • Појадок: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко
  • Ручек: 2 варени компири без сол и 1 шолја кисело млеко
  • Вечера: 2 шолји кисело млеко

Ден 2

  • Појадок: 1 шолја кисело млеко
  • Ручек: 2 варени компири без сол и 1 шолја кисело млеко
  • Вечера: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко

Ден 3

  • Појадок: 1 варен компир без сол
  • Ручек: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко
  • Вечера: 1 шолја кисело млеко