Некои луѓе брзо ќе ја завршат работата додека други ќе посветат внимание и време на најмалите детали. Ако спаѓате во втората група, веројатно сте перфекционист. Сакате кога работите се организирани, кога сè е во ред и кога дури и најмалиот детал се вклопува во целината.

Совршенството е честопати недостижно, но перфекционистите секогаш ќе се обидат да и се приближат што е можно повеќе. Секогаш е добро да имате перфекционисти во вашиот тим затоа што тие ќе се грижат за плановите и организацијата, бидејќи не се плашат од напорна работа. Сепак, за некои луѓе, потрагата по совршенство и потребата од контрола често ги поминува границите.

Според, астролозите, со овој хороскопски знак е најтешко, бидејќи е неверојатен перфекционист:

Лав

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

Лавовите секогаш ќе избираат ред пред хаосот затоа што на тој начин ќе имаат подобра контрола над сè што сакаат да постигнат. Тие секогаш сакаат да бидат први и најдобри во сè, а најдобриот начин за прво место за нив е да создадат план за успех до кој ќе се држат.

Тие се свесни дека не секогаш може сè да биде совршено, но во некои работи не се откажуваат. Никогаш не би сториле со половина срце, без оглед на тоа и да станува збор за сосема мала работа. Затоа не е никакво изненадување што на крајните резултати најчесто сите останати им се воодушевуваат.