Несаканите бели влакна се еден од најчестите проблеми кои знаат да бидат вистинска секојдневна главоболка на дамите. Иако за ова постои едноставно решение, како закажување на фризер или бојадисување дома со фарба, што да направите доколку немате таква можност?

За таа цел денес ви откриваме лесен и ефикасен метод како да ги прикриете белите влакна или пораснатите корени на косата, на сосема безопасен начин, без хемикалии. Ова домашно средство се приготвува неверојатно лесно и не ви се потребни многу пари.

Домашно средство против бели влакна

Потребни состојки

  • 5 компири
  • 2 шолји вода
  • Масло од рузмарин или лаванда

Начин на подготовка и употреба

Сварете ги лушпите од компирите во 2 шолји вода. Потоа изладете и прецедете ја смесата, а на крај додадете малку масло од лаванда или рузмарин. Измијте ја косата и нанесете ја смесата врз корените и малку масирајте ја главата. Наскоро ќе забележите дека нема ниту траг од здодевните бели влакна.