Според кинеската медицина, основните причини за заболувањата се емоциите, а секој орган има своја емоција со која е поврзан.

Земјата, оганот, водата, воздухот и металот се основите 5 елементи, кои Кинезите веруваат дека ги има во секое човечко тело и според нивните тврдења, неопходно е да се одржи балансот на сите елементи со цел да се одржи општото здравје.

Доколку забележите дека имате рапав глас, ова е најчесто индикатор дека имате ниско ниво на енергија во белите дробови. Црвените очи се знак за проблеми со црниот дроб, а бледото лице покажува недостаток на крв и енергија во слезината. Не треба да бидете изненадени од фактот дека доколку една жена не може да забремени, има проблеми со бубрезите.

Кои емоции се поврзани со различните органи?

Според кинеската медицина основните причини за заболувањата се емоции, а секој орган си има своја емоција. Со белите дробови се поврзува тагата, за црниот дроб е поврзан бесот, со бубрезите се поврзува стравот, а стомакот е поврзан со грижите.

Секој орган има и свој вкус. Така, белите дробови ги сакаат зачините и лутото, црниот дроб го претпочита киселото, слезината ја префериа лесната храна, а бубрзите го сакаат соленото.