Јаките на машките кошули отсекогаш биле деликатен дел за перење, бидејќи од прекумереното носење, тие вообичаено стануваат потемни и се создаваат жолти дамки, кои речиси е невозможно да се отстранат со обичен прашок.

Со помошта на следниот лесен трик, конечно ќе можете да им кажете збогум на овие чести проблеми при перењето и ќе успеете да го вратите блескавиот и снежнобел изглед на кошулите.

Како да ја избелите јаката на кошулите

Ќе ви биде потребно

  • 1 кафена лажица средство за миење садови
  • 3-4 кафени лажици хидроген
  • 2 супени лажици сода бикарбона

Начин на подготовка и употреба

Добро измешајте ги сите состојки заедно до добивање на паста, а потоа добиената смеса со триење нанесете ја на замастениот дел од кошулата. Ќе се изненадите колку брзо жолтите дамки ќе исчезнат.

Оставете ја смесата да дејствува неколку часа на кошулата, а потоа истата исперете ја на вообичаениот начин. Смесата може да ја искористите и за отстранување на дамките на кошулата во делот под пазувите.