Денешниот рецепт кој ви го претставуваме е подеднакво уникатен и здрав. Станува збор за домашни бонбони од ѓумбир кои го зајакнуваат имунитетот, го подмладуваат организамот на клеточно ниво и помагаат при слабеење.

Домашни ѓумбирови бонбони за подмладен организам и витко тело

Потребни состојки

  • 220 гр ѓумбир
  • 200 гр шеќер
  • 150 гр вода

Начин на подготовка

Измијте и излупете го ѓумбирот. Исечете ги неговите корени на прстени со дебелина 0,3-0,5 мм.

Поставете го ѓумбирот во мало тенџере и наполнете го садот со вода. Поставете го тенџерето на оган и почекајте водата да зоврие. Варете околу 10 минути. Следно, прецете ги парчињата ѓумбир и исплакнете со студена вода.

Додадете шеќер кон водата, во која се вареше ѓумбирот. Мешајте, додека шеќерот не се раствори целосно, а потоа потопете ги парчињата ѓумбир во добиениот сируп и вратете го садот на оганот. Варете 40 минути.

Следно, прецедете го ѓумбирот, а сирупот складирајте го во стаклен сад со капак. Поставете ги парчињата ѓумбир на хартиена крпа и исушете. Сушењето може да се направи со нивно поставување во рерна на температура од 100°C, во времетраење од 3-4 часа или при собна температура во текот на 2 дена.

Поставете ги ѓумбировите бонбони во затворен стаклен сад, а пред да ги складирате, потребно е бонобните да ги измешате во обичен или шеќер во прав, за да истите не се лепат.