Почетокот на една врска можеби и не е најсоодветното време веднаш да бидеме критички настроени кон новиот партнер, но понекогаш едноставно пред нас постојат одредени сигнали, кои укажуваат дека сепак нешто не е во ред.

Еве кои се 6-те знаци дека се гледате или сте започнале врска со некој кој не е за вас и најдобро би било да го оставите навреме:

1. Постојано ја критикува поранешната девојка

Ова можеби е и најочигледниот знак. Се подразбира, според него, крајот на претходната врска воопшто не било по негова вина. Дури вели дека не може да сфати како воопшто бил во врска со личност како поранешната девојка, притоа додавајќи разни грди ептитети кон истата.

2. Никогаш нема среќа со врските

Нему врските никогаш не му успевале, а ви кажува дека тоа се должи на фактот што не запознал разумна добра девојка. Но, дали е тоа така? Дали тој ги постојано ги прави истите грешки или едноставно е еден голем егоист?

3. Не ви поставува никакви прашања

На почеток сте од вашата врска и едноставно сте нетрпеливи да дознете сè за вашиот нов партнер. Вие постојано го прашувате интересни прашања, но тој не ве прашува ништо. Тоа значи дека едноставно не го интересирате и дека тој себеси се смета за центар на светот.

4. Тој е мрзелив и не гледа ништо лошо во насилството

Човекот, кој нема желба да се развива и покрај тоа, воедно е склон да биде насилен, може да биде забележан многу брзо. Не се лажете самите себе и доколку не сакате да завршите со маж кој не ве опсипува со внимание и љубов, тогаш време е да ставите крај на вашата врска.

5. Не прифаќа кога го одбивате

Тој бурно реагира и едноставно не може да поверува дека една вечер сте избрале да одморите дома, наместо да излезете со него, всушност открива дека сте во врска со исклучително несигурен маж.