Постојат разни свадбени обичаи, но причината за носење на вел е далеку од романтична.

Свадбениот ден е еден од најубавите моменти за секоја девојка и жена, при кој истите сакаат да изгледаат совршено. Во совршениот изглед задолжителен е и совршениот избор на невестински фустан. А покрај големиот моден избор, повторно во мода се врати и носењето на вел.

Невестите носеле вел уште од времето на Римската империја. Девојките биле облечени во црвен фустан, а симболичното значење на велот било што на тој начин ги протерувале сите зли духови.

Во некој земји ширум светот вел се носи за да се сокрие лицето на невестата од младоженецот, при договорените бракови, а некаде се носи како едноставен моден додаток, без никакво значење.

Исклучок од овие правила има во еврејската култура, каде велот се носи за да се покаже во општеството дека младоженецот не се жени за невестата само поради нејзиниот надворешен изглед.