Компирот има лековити својства, при што може истиот да се употреби за лекување на разни медицински, како и козметички проблеми.

Дополнително, консумирањето на компири го збогатува организамот со бројни вредни елементи, како јаглехидрати, протеини, витамини Ц и Б6, калиум, железо, магнезиум и цинк.

Токму затоа сокот од свеж компир е корисен за многу заболувања.

Лековити придобивки од сок од компир

  • Го зајакнува имунолошкиот систем
  • Го прочистува организамот од токсини
  • Решава проблеми со кожата
  • Помага при гастритис и други стомачни проблеми
  • Го намалува нивото на шеќер во крвта
  • Ја подобрува функцијата на црниот дроб и бубрезите
  • При кардиоваскуларни заболувања
  • При анемија
  • Ја ублажува болката предизвикана од артритис
  • Ефикасен е при опстипација

Сокот од компир има моќно и ефикасно дејство кое помага при гастритис и чир на желудникот.

Затоа се препорачува да се консумира по 1 супена лажица разреден сок од компир со мало количество на вода, половина час пред трите дневни оброци.

Сокот од компир има и прочистувачки ефект што го прави одличен за прочистување на црниот дроб и бубрезите. За да се постигне оваа цел, се препорачува да се консумира сок добиен од 200 гр свежи компири, половина час пред секој од трите дневни оброци.