Историјата безброј пати ни има докажано, дека човек едноставно не избира сам во кој ќе се вљуби. Работите, кои диктираат со нашиот ум и срце, понекогаш се наоѓаат на растојание од светлосни години.

Денес се потсетуваме на еден необичен пар, кој својата популарност ја стекна поради разликата во години. Станува збор за Линда и Џејмс.

Иако повеќето велеа дека нивната љубовна врска е апсурдна, сепак и покра големата разлика во годините, односно кога стапија во брак, Линда имаше 51 година, а Џејмс 18, покрај критиките, и двајцата велат дека се неверојатно среќни.

Необичната љубовна приказна меѓу овој пар започнала во 2000-та година, кога Линда работела како инструктор по возење, а Џејмс нејзин ученик. Уште кога се запознале, меѓу нив се родила хемија и страс, која воопшто не се труделе да ја сокријат.

По првиот бакнеж, овој пар е неразделив и и покрај прогнозите дека нивниот брак нема да трае долго, Линда и Џејмс велат дека се сакаат како од првиот ден и се верни еден на друг.

Линда сметала дека сè уште можела да му роди дете на Џејмс, но самиот тој бил против идејата, бидејќи според него, никогаш не се гледал во улогата на татко.

Еве како тие изгледаат денес: Линда има 69 години, а Џејмс, 36.