Научниците од градот Томск, Русија, при сибирскиот државен Медицински Универзитет, направиле едно детално истражување и конечно откриле која крвна група им е највкусна на комарците.

Станува збор за првата крвна група т.е нулта, односно при истражувањето, експертите констатирале дека овој вид на инсекти ја насетуваат нултата крвна група на кожата кај луѓето кои ја имаат двапати повеќе за разлика од луѓето со другите крвни групи.

Покрај крвната група, пресудни се и други фактори зошто комарците почесто напаѓаат една група на луѓе од останатите. Комарците често се привлечени и од брзиот метаболизам, покачената температура и самиот човечки мирис.

Колку повисоко е нивото на метаболизамот кај една индивидуа, толку повеќе организамот испушта јаглероден диоксид околу себе, а токму тоа го прави човекот привлечен за комарците, бидејќи овој вид на гас на еден начин ги ориентира овие инсекти каде да го пронајдат изворот на храна. Затоа, комарците се посклони кон напаѓање на возрасен човек, отколку деца, бремени жени, луѓе со висок индекс на телесната маса и сл.

Експертите воедно утврдиле дека комарците имаат способност за брзо адаптирање при што брзо се адаптираат и на средствата кои ги користиме против истите, па затоа ни се чини дека ниту едно средство и производ понекогаш не се ефикасни за заштита и ослободување на овие здодевни инсекти.

Во продолжение прочитајте и за „Најефикасната стапица за комарци која се изработува од шише за 5 минути, а веќе следното утро можете да ги изброите вашите жртви“