Секој кој го обожава летото или сака да одмара во природата, односно на отворено, знае дека најголемиот кошмар кој може да уништи сè, се екстремно здодевните комарци.

А сите ќе се согласат, дека тешко можат да се справат со нив и постојаната претпазливост едноставно изморува.

Додека нивното убивање со удирање не може постојано да го правите, од друга страна, пак не се препорачува ниту прскањето хемикалии. Затоа денес решивме да ви покажеме како се прави најефикасната стапица за комарци.

Сè што ви е потребно е едно пластично шише и 5 минути.

Начинот на изработка е многу лесен, безопасен и притоа многу евтин. Стапицата може да ја поставите на кое место и да сакате, без разлика дали станува за отворен или затворен простор. Дејството на истата трае од 4 до 14 денови, а комарците, осите и мувите нема да имаат никаква шанса против генијалната замка.

Ефикасна стапица против комарци

Ќе ви биде потребно

  • 1.5 литарско пластично шише без капаче
  • 1 чаша топла вода
  • 2 супени лажици шеќер
  • 1 чајна лажица сув квасец
  • Парче темна ткаенина или весник

Начин на подготовка

1. Исечето го горниот дел од шишето, односно тоа да биде 1/3 од целосната должина на шишето

2. Дното на шишето наполнете го со чаша вода, која не треба да биде потопла од 30 степени. Потоа додадете го и шеќерот и добро измешајте ги состојките. Следно додадете го и квацесот и повторно добро измешајте.

3. Кон внатрешноста пресвиткајте го грлото т.е отворот од исечениот конусен дел. Доколку деловите не се поклопуваат и не стојат цврсто, употребете лепило за таа цел. Со отворот така поставен, јаглеродниот диоксид ќе може да минува само низ тој дел и инсектите нема да можат собираат однадвор.

4. Сега треба да го обвиткате шишето со парчето ткаенина или весникот и добро да го прицврстите на самите рабови.

5. Поставете ги готовите стапици во темни агли од просториите, каде што нема светлина, но можат да бидат поставени и на отворено, само што во тој случај, ефектот би бил послаб.

6. Комарците и останатите инсекти ќе бидат привлечени од миризбата на ферментираната смеса, но и од самиот недостаток на светлина. А кога веќе доброволно ќе отидат во стапицата, тие потоа ќе се обидат да излезат надвор, но поради тесните отвори и лепливите ѕидови, порано или подоцна ќе паднат во водата на дното, при што ќе умрат.

Принципот на кој функционира стапицата

Оваа стапица е најмногу ќе ги привлече бремените женски комарци, бидејќи тие најмногу цицаат крв. Тие се привлечени кон своите жртви, поради топлината што ја емитира телото преку издишувањето на јаглеродниот диоксид.

Дизајнот на стапиците е ефикасен и против останатите инсекти, не само комарците.