Растението „чувар куќа“ спаѓа во групата на повеќегодишни растенија, а често се одгледува како декоративно растение. Неговата лековита моќ се споредува со извонредната сила на алое вера.

Во народната медицина, ова чудесно растение се користи поради неговите ефикасни антивоспалителни и диуретични својства, а најчесто се користи во форма на тинктура, сок и чај.

Се користи при неколку заболувања, но најмногу се препорачува против цисти и фиброиди.

„Чувар куќа“ против фиброиди и цисти

Потребни состојки

  • 300 гр цели млади листови од „чувар куќа“
  • 500 гр висококвалитетен мед од детелина

Начин на подготовка

Измијте ги листовите на растението, отстранете го вишокот на вода со мека крпа и сомелете листовите во блендер. Следно, со дрвена или пластична лажица, измешајте ја смесата со мед, до добивање на една хомогена смеса.

Добиената смеса преместете ја во стаклена тегла, затворете со капак и теглата завиткајте ја во крпа или фолија, за да ја заштитите од светлина и складирајте ја во ладилникот 7 дена.

За овој временски период, се препорачува смесата да се промешува 2-3 пати. Вака приготвената смеса која ќе се добие во количество од 1 литар, ќе биде доволна за употреба за 20 дена.

Начин на употреба

Консумирајте по 1 супена лажица 3 пати дневно на следниот начин:

  • 1 кафена лажица наутро на празен стомак. Не јадете и не пијте ништо следниот половина час.
  • 1 супена лажица меѓу ручекот и вечерата, половина час пред секој од оброците.
  • 1 супена лажица пред спиење.

Временскиот период на третманот вообичаено трае 20 дена, во текот на кои ефикасно се елиминираат помалите цисти, но за поголеми, ќе биде потребно повеќе време.