Откако пред некое време беше постигнат компромис меѓу Канда и В.Британија да ги поделат трошоците за обезбедувањето на принцот Хари, Меган принцот Арчи, додека престојуваат во Канада, сега настаните добија нов развој.

Како што пишуваат странските медиуми, финансирањето на кралскиот наследник и неговата сопруга предизвикало огромно незадоволство кај голем број Канаѓани, при што работите ескалирале до тој степен да биде променета одлуката околу горенаведениот компромис.

Со тоа, Канада донесе одлука дека ќе престане да плаќа за обезбедувањето на Меган и Хари, кои веќе се откажаа од нивните кралски должности. Оваа одлука ја објави и самото Министерство за општествен ред, кое јасно истакна дека престанува да го финансира обезбедувањето, кое инаку чини 20 милиони фунти годишно.

Иако канадскиот премиер Џастин Трудо ја увери кралицата Елизабета Втора дека безбедноста на младиот пар е загарантирана, сепак истите сега остануваат без меѓународна заштита, а се очекува да останат во Канада само до крајот на овој месец.