За некои, тој е добротвор што прави хумани дела, но неговата сопруга смета дека тој е вистински лажливец и измамник, поради кого целиот нивен брак бил само една голема лага.

Ари Нигел е професор по математика од Њујорк, кој донирал сперма на жени во текот на цели 10 години, што резултирало до тоа што 18 жени родиле 22 деца благодарение на него. Проблемот се појавил откако сопругата на Нигел открила со што се занимава нејзиниот сопруг во неговото слободно време.

Парот бил во брак цели 10 години и заедно имале 3 деца, при што неговата сопруга не била воопшто воодушевена кога разбрала за постапките на нејзиниот сопруг. „Беше неверојатно бесна и ми се развика.“ – изјавил професорот за локалните медиуми.

Тој ја складирал неговата сперма во менструални чашки и ја подарувал на жените, кои сакале да станат мајки.

Професорот истакнува дека воопшто не жали за неговата одлука и вели дека од стореното нема назад.