Човечкиот организам е полн со бактерии, а најголемиот дел од нив се сконцентрирани во желудникот. Иако повеќето се безопасни, постојат одреден вид бактерии кои можат да бидат многу штетни за човекот.

Една таква опасна е бактеријата ешерихија коли, која е главен виновник за уринарните инфекции. Во продолжение следува рецепт за природен лек, како истиот да го приготвите во домашни услови, а кој на најефикасен начин ќе ве ослободи од оваа инфекција и ќе го исчисти организамот од други лоши бактерии.

Потребни состојки

  • 250 гр корен магдонос
  • 250 гр лимон со кора
  • 200 гр мед
  • 200 мл маслиново масло

Начин на подготовка

Коренот од магдоносот темелно измијте го, па потоа исецкајте го, користејќи блендер. Истото направете го со лимонот. Добиената смеса добро измешајте ја со медот и маслиновото масло.

Сето ставете го во чиста тегла.

Во однос на консумирањето се препорачува да се зема по 1 голема лажица пред појадокот и пред вечерата. Смесата треба до крај да се консумира, се додека не се потроши.

Ако се уште е присутна бактеријата во организамот, подгответе уште 1 доза од лекот.