Со почетокот на есента доаѓа и променливото време, при кое никогаш не сме доволно сигурно што е правилно да облечеме, бидејќи температурите постојано варираат.

Токму како резултат на тоа, често во овој период луѓето се најсклони кон добивање на настинки и инфекции, а имунитетот брзо опаѓа, при што најчесто се соочуваме со непријатни болки во грлото.

Доколку вашата прва реакција е веднаш да отидете во најблиската аптека, да земете апче со хемиски состав, тогаш размислете повторно. Постојат и многу други, поздрави, побрзи, притоа и природни начини како да го решите овој здравствен проблем.

Денес ви откриваме како лесно да си помогнете самите на себе при првите симптоми на настинка и болка во грлото, а за оваа цел сè што ќе ви биде потребно е парче корен од ѓумбир и мед.

Начин на подготовка

Изрендајте го на ситно излупениот корен од ѓумбир (кој треба да е во свежа форма, не во прав) и потоа измешајте го со малку мед.

Кон добиената смеса може да додадете и сомелен лимон (или сок од лимон). Се препорачува да се консумира по 1 кафена лажица од смесата во текот на неколку часа, додека не го почувствувате ублажувањето на болката.

На почетокот можеби ќе ви биде малку непријатно, бидејќи ѓумбирот може да ги насолзи вашите очи, поради неговиот лут вкус. Но, веќе по втората и третата консумација ќе се навикнете на истиот.

Овој домашен лек е навистина ефикасен бидејќи веќе одамна е докажано дека ѓумбирот има моќни антиоксидантни својства и го намалува воспалението на целото тело, па затоа од голема помош ќе ви биде да го имате во близина, во текот на оваа сезона.