Во земјоделските аптеки можеме да купиме разни ѓубрива и стимулатори за раст. Но, за оние од вас кои ги претпочитаат природните методи, денес ви откриваме едно чудесно средство, кое го стимулира растот на домашните билки, ги потхранува и ги штити од штетници.

Станува збор за сукцинската или килибарна киселина.

Килибарната киселина е непозната за повеќето луѓе, а истовремено повеќето само слушнале за природниот камен кој најчесто се користи за изработувањето на накит. Но, во меѓувреме, научниците докажаа дека оваа супстанца има неверојатни својства.

Килибарната киселина е достапна во течна форма, но може да да ја пронајдете и во форма на таблети, притоа ефектот е ист.

Таблетите килибарна киселина се разредуваат во вода и се користат за лековита цел, односно истите ефикасно ги потхрануваат растенијата, а во продолжение ви ги претставуваме најпопуларните употреби на оваа супстанца:

1. Ѓубриво за цвеќиња со килибарна киселина

За полевање на почвата, потребно е да се разреди 1 грам килибарна киселина најпрво во супена лажица, а потоа во 5 литри вода.

2. Раствор за прскање

Готвиот раствор се додава во шише-спреј и со истиот се прскаат цвеќињата, без разлика дали се наоѓаат дома или во градината, а исто така се прскаат и зеленчуковите култури. Чудесното средство ги штити сите делови на растенијата од разни болести.

3. Подготовка за пресадување

При пресадувањето на страк од растението, истиот е потребно да се потопи во течен раствор на килибарна киселина и да се остави да отстои 30 минути. Тоа ќе помогне во поттикнување на растот на корените и подобро приспособување на билката кон новото место.

4. Полевање на растенијата

Наместо со ѓубрива, започнете да ги потхранувате растенијата со раствор на килибарна киселина. За возврат, цвеќињата ќе ви се заблагодарат подарувајќи ви раскошно цветање, а притоа истите ќе бидат ефикасно заштитени од разни штетници и болести.