21-от век во нашиот живот не внесе само современа технологија, туку ја зголеми популарноста на брзата храна, која воопшто не е корисна за нашето здравје.

Истата особено штети на децата, бидејќи тие најбрзо се навикнуваат на ваквата нездрава храна, повеќе од возрасните, а најдобар пример за тоа е Арија Пермана, од Индонезија, момчето кое стана жртва на сопствената љубов кон брзата храна.

Во еден период од неговиот живот, Арија достигна тежина од неверојатни 192 килограми, пред тој и неговите родители да одлучат дека е време да преземат драстични мерки.

Уште додека бил на 5-годишна возраст, неговите родители ги забележале првите алармантни симптоми на прекумерената дебелина, како резултат на нездравата исхрана, при што момчето не можело да се движи многу.

На 10 години, неговиот живот излезе сосема од контрола, кога секојдневното мени му се состоеше од газирани пијалоци, чипс и сето што може да се вброи во брза храна. И токму тогаш, Арија имаше 192 килограми.

Како резултат на тоа, момчето веќе не можеше да оди на училиште, мораше да се капе во базен и беше принудено да спие на специјална платформа, бидејќи обичниот мебел не можеше да ја издржи неговата тежина.

Токму тогаш семејството на момчето реши да преземе драстични мерки, особено откако лекарите им соопштија, дека доколку Арија не престане да се дебелее, неговото тело нема да ја издржи прекумерената телесна тежина и срцето ќе престане да му работи.

Животот по 192 килограми

Бидејќи диетите и вежбањето не можеа да значително да му помогнат на момчето, лекарите решија да извршат операција за стеснување на желудникот, а по успешната операција, Арија уште во првиот месец изгуби 30 килограми.

Потоа момчето започна да се храни здраво по препорака на лекарите: Риба, посно месо, многу овошје и зеленчуци сега беа неговото секојдневно мени.

За 2 години, Арија успеа да симне неверојатни 100 килограми. Неговата нова тежина од 86 килограми му дозволи на момчето повторно да се врати во нормала, да оди на училиште.

По изгубената тежина, Арија сега се соочува со вишок на кожа, за која е потребно да направи нова операција.

Од целата негова приказна, лекарите не гарантираат дека ефектот на операцијата ќе трае засекогаш и дека само од волјата на момчето зависи дали килограмите ќе се вратат повторно или не.