Постојат одредени работи кои се штетни за нашето здравје, а кои ние несвесно сме ги претвориле во наши секојдневни навики.

Еве за кои 8 секојдневни работи и активности станува збор:

1. Неправилно дишење

Повеќето од нас дишаат со градите. Но, многу поефикасно би било дише со помош на стомакот или дијафрагмата. Ваквкиот вид на дишење е многу подлабок, а притоа истиот ќе ви помогне да се ослободите од стресот, да го регулирате крвниот притисок и ќе ја зголемите вашата физичка издржливост.

2. Прекумерено вежбање

Доколку спортувате и вежбање 6 дена во неделата, ќе се здобиете со повеќе штета, отколку полза. Честата преоптеретеност ќе доведе до замор и чувство на непријатност. Наместо 6, вежбањето 3 пати во неделата ќе ви даде подобар резултат, побрзо ќе ослабнете и ќе добиете одлична физичка форма, без многу труд.

3. Неудобни обувки

Иако е можеби тешко да се поверува, но носењето на неудобни обувки може да предизвика притисок и чувство на отежнатост во зглобовите, како и болки во вратот. Затоа, обратете големо внимание при вашето следно купување на чевли. И доколку вашиот лекар исто така ве советува да носите поудобни обувки, сериозно послушајте го неговиот совет.

4. Прекумерена грижа за хигиената

Спротивно на општото верување, честото капење всушност не е многу корисно за нашето тело. Секојдневната употреба на шампон, сапун и разни гелови доведува до зголемена масна секреција на телото, додека пак секојдневната изложеност на телото на топла вода, ја суши кожата.

5. Често перење

Вашите алишта никогаш нема да бидат совршено чисти, како што посакувате, бидејќи машината за перење лесно може да биде извор на габички и мувла.

6. Краток и нарушен сон

Доколку сте стекнале навика да спиете помалку од 7 часа дневно, тоа може да доведе до појава на проблеми со меморијата, лош тен, емоционална нестабилност и нарушување на општата функција на организамот. Подобро е да легнувате рано, притоа и да станувате рано, а доколку е неопходно и да имате попладневна дремка во текот на денот.

7. Пасивен начин на живот

Доколку личноста воопшто нема никаква физичка активност во текот на денот, тогаш грбниот столб на истата е принуден да носи неверојатна тежина. Доколку вашата работа е поврзана со повеќечасовно седење, сепак од време на време, малата прошетка вон канцеларијата е подобро отколку ништо.

8. Неправилна диета

Сте решиле да ослабнете или едноставно да ја подобрите вашата физичка форма со помош на диета? Пред да започнете да практикувате било каков режим на исхрана, најпрво проверете дали истиот нема да му наштети на вашиот организам, особено доколку јаглхидратите и мастите се исклучени од менито.