Ќофтињата со кромид се многу брзи и лесни за приготвување, а притоа неверојатно вкусни. Подгответе им ги на вашите најблиски без да им ги кажувате состојките и почекајте го нивното воодушевуање!

Еве како да ги приготвите.

Вкусни ќофтиња од кромид

Потребни состојки

  • 400 гр кромид
  • 100 гр моркови
  • 50 гр зелен лук
  • 3 чешниња лук
  • 30 гр кашкавал
  • 4 супени лажици пченично брашно
  • 2 јајца
  • Половина кафена лажица мелен црвен пипер
  • Половина кафена лажица оригано
  • Сол и мелен црн пипер по ваш вкус

Начин на подготовка

Исечете го излупениот кромид во најситна форма или сомелете го. Ситно изрендајте ги излупените моркови и додадете ги во садот со кромидот. Кон нив додадете ги и сомелените видови на лук.

Кон добиената смеса, додадете ги јајцата, изренданиот кашкавал, брашното, зачините и солта и добро измешајте ги сите состојки заедно. Следно, употребувајќи лажица, одделете мали количини од добиената смеса и поставете ги во тава со претходно загреано масло, за да истите се пржат. Пржете ги ќофтињата по 2-3 минути од секоја страна.

Пријатен апетит!