Летото е чудесно време за излети и прошетки во природна, на отворено. Сепак не треба да заборавиме дека при тоа уживање, лесно може да дојдеме во контакт со некои непријателски инсекти.

Некои од убодите може да бидат навистина сериозни, при што е потребно навремена консултација со лекар.

6-те најчести убоди од инсекти и како да се справиме со болката и отокот

1. Комарец

Убодот од комарец се манифестира во форма на кружни розеви отоци. Обидете се да не ги допирате, иако се пропратени со големо чувство на чешање, бидејќи во спротивно може да се јави и алергиска реакција.

Јадежот совршено се ублажува со помош на амонијак, билката тегавец или црн лист од црн бозел.

Веднаш по каснувањето, најдобро е да нанесете врз убодот лист од црн бозел или тегавец, а листовите ќе помогнат за брз отстранување на подуеноста и ќе направа дезинфекција на местото.

Најефикасната стапица за комарци која се изработува од шише за 5 минути, а веќе следното утро можете да ги изброите вашите жртви

2. Оса, пчела, стршлен

Каснувањето од овој вид на инсекти може да биде многу болно, при што местото на убодот веднаш отекува и се вцрвенува. Може да се предизвика и алергиска реакција, па дури и анафилакса. Доколку сте каснати од пчела, најпрво проверете дали жилото од инсектот останало во вашата кожа. Доколку е таму, отстранете го со пинцета. Доколку сте алергични, не заборавајте да ги примите потребните лекарства. Воедно, доколку е неопходно, консултирајте се со лекар.

Болката при убодот може да се намали со листови од зелка.

Совет од еден пчелар: „Доколку ве касне пчела, оса или стршлен- ова ќе ве спаси од болка и отекување“

3. Болва и грини

Најчесто ги каснува нозете, а убодот резултира со ситни црвени точки, пропратени со чувство на чешање, кое треба да го избегнувате колку што најмногу можете, бидејќи во спротивно само ќе го продолжите неговото траење.

Доколку сте каснати од болви, внимателно измијте го каснатото место со ладна вода и сапун, исушете и нанесете антисептик. Раствор на сок од лимон и вода во сооднос 1:1 ќе го отстрани чувството на чешање.

12 начини како да се ослободите од грините кои ги окупираат вашите душеци

4. Крлеж

Овој инсект е носител на сериозни заболувања. Доста е опасен, бидејќи не се забележува лесно. Може и да не почувствувате болка, при што може и да поминат неколку дена пред да го откриете крлежот на вашата коса.

На местото на убодот се карактеризира со црвено место, широко неколку центиметри, а во центарот црвена или црна точка. Во тој случај, неопходна е лекарска консултација.

Доколку сами одлучите да го отстраните крлежот, тогаш не заборавајте да го зачувате инсектот. Однесете го во лабораторија на испитување, за да се утврди неговиот вид.

Златен совет: Како да извадите крлеж со помош на стапче за уши

5. Мравка

Убодот од мравки многу наликува на убодот од болви. Често знае да резултира со алергиска реакција. Исчистете ја раната со ладна вода и сапун. Притоа, поставете ладна облога на местото на убодот и нанесете антисептик.

6. Пајак

Каснувањето од пајак може да биде забележано дури по неколку часа, кога ќе се појави болка. Убодите од пајак се опасни, особено за децата. Потребна е консултација со лекар, доколку пајакот е од отровен вид.

Исплакнете го местото на убодот и нанесете антисептик. Притоа, за ублажување на отокот и болката, нанесете ладна облога.