На сите жени им е добро познато чувството кога ќе откријат ново петно по телото, односно инстинктивно посегнуваат по негово истискување, без да размислат дека ќе се здобијат со уште поужасна рана.

Доколку се пронајдовте во овој дел и вие често ја имате оваа навика, тогаш внимателно прочитајте го напишаното во продолжение.

Во оваа статија ви откриваме кои 5 видови на петна никогаш не треба да ги истиснуваме, бидејќи тоа може да доведе до сериозни проблеми.

Еве кои се тие:

1. Површинска циста

Површинската циста изгледа како вообичаено петно со бел врв. Невозможно е да се отстрани со прсти, бидејќи всушност се наоѓа под кожата и не излегува конкретно на површината. За нејзино отстранување потребно е да се обратите на дерматолог, за чија цел тој ќе употреби тенка игла.

2. Хепрес

Херпсот се појавува во форма на мали чирови, кои се појавуваат околу усните, носот или брадата. Доколку се обидете да го истискате ова петно, тогаш може да ја пренесете заразата на целото лице, преку своите раце.

3. Поткожно влакно

Доколку се обидете да истиснете поткожно влакно, тогаш ризикувате да се појави поголем проблем на кожата: Да остане белег или да се појави воспаление и инфекција. Доколку често се соочувате со поткожни влакна, ласерските третмани за депилација се одлично решение.

4. Црвени акни

Вообичаено, овој вид на акни исчезнува со текот на времето, при што едноставно треба да бидете трпеливи и да почекате. Доколку навистина сакате брзо да се ослободите од црвените акни, тогаш потребно е да употребувате специјални креми со прочистувачки својства.

5. Акни

Станува збор за цистична форма на акни, кои се појавуваат за време на адолесценијата. Потребно е и за овој вид на акни да се биде трпелив, бидејќи со нивно истискување, само ги зголемувате шансите за појава на белези, притоа сериозно може да ја повредите кожата.