Во денешно време, на Интернет може да најдете безброј начини за брзо слабеење. Но, пивската диета со право моментално е најпопуларна и омилена меѓу дамите.

Неодамнешни научни истражувања потврдија дека консумирањето пиво носи бројни придобивки за нашето здравје. Пивото е извор на минерали, витамини, хранливи влакна, калиум и магнезиум. Така, овој алкохол има пријатен и лековит ефект врз здравјето на нашето срце. Дополнтелно, но не и помалку важно, пивото го спречува процесот на предвремено стареење и значително ја подобрува состојбата на кожата.

Како пивото може да ни помогне да ослабнеме?

Не е тајна дека секогаш кога консумираме пиво, почесто одиме во тоалет, а токму тоа и ќе ни помогне да ослабнеме. Пивската диета покрај тоа доведува до брзо и ефикасно согорување на калориите.

Која е суштината на пивската диета?

Според правилата на диетата, потребно е да консумирате по 500 мл пиво секој ден. Истовремено, алкохолот треба да е колку што е возможно најладен (температура од 0°C). Неопходно е да не претерувате и да внимавате со консумацијата на масти и јаглехидрати. Но, освен тоа, во оваа диета, не постојат други ограничувања.

Со оваа диета се слабеат 5 килограми на месечно ниво.

Зошто оваа диета функционира?

Тоа се должи на законите на термодинамиката. Консумирањето 500 мл многу студено пиво ќе го поттикне телото да потроши 18.500 калории (за да го затопли пивото до температура од 37°C). Со други зборови, нашето тело ќе согори толку многу калории, обидувајќи се да го затопли испиеното студено пиво.

Безопасно ли е да се практикува ваква диета?

Не. Важно е да знаете дека пивото сепак е алкохолен напиток, кој треба да се консумира умерено. И покрај многуте придобивки од пивото, не се препорачува истото да го пиете секојдневно.