Редовните прегледи можат да помогнат во раното откривање на рак на дојка, притоа зголемувајќи ги шансите за успешно лекување на болеста, велат германските експерти.

Жените кои имаат 30 години треба барем еднаш годишно да имаат вообичаен гинеколошки преглед, вклучувајќи и преглед на градите.

Помеѓу двете посети на гинеколог, многу е важно самите редовно да ги проверувате градите за да забележите каква било промена. Вашиот лекар треба да ви каже како правилно да го правите домашниот преглед.

Најважното правило е: Доколку почувствувате грутка, промена во големината или вдлабнатина во градите, треба веднаш да се обратите на лекар. Не чекајте до следниот закажан редовен преглед, препорачуваат експертите.