Ништо поубаво не асоцира на лето колку консумирањето на освежителна лубеница, во топлите летни денови.

Иако некои луѓе мислат дека лубеницата е полна со шеќери и сметаат дека нејзиното консумирање треба да се избегнува, всушност лубеницата споредена со останатите овошја е меѓу плодовите кои содржат најмалку шеќер.

Порција лубеница содржи 46 калории, во која има само 9 грама шеќер. Покрај ниската калориска вредност, ова кралско овошје содржи и бројни витамини, минерали, антиоксиданти и големо количество на други лековити и хранливи вредности.

Еве кои се придобивките од консумирањето лубеница:

1. Го хидратира телото

Лубеницата се состои од 92 % и е добар еквивалент на количество кое е неопходно човекот да го внесува во текот на денот.

2. Одличен извор на витамин Ц

Цитрусните овошја не се единствените кои може да ни дадат витамин Ц, кој е потребен за растот, развојот и обновувањето на сите ткива. Во едно парче лубеница има 30% од количеството на витаминот,  кое се смета за неопходен дневен внес.

3. Го штити кардиоваскуларното здравје

Ликопенот содржан во ова чудесно овошје помага во намалување на крвниот притисок, холестеролот и притоа ги штити и артериите. Витамините и минералите кои исто така влегуваат во неговиот состав го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

4. Може да помогне во превенција на рак

Истиот ликопен кој му помага на срцето, воедно има и антиканцерогени својства. Бројни истражувања ја докажуваат директната врска меѓу консумирањето ликопен и намалените шанси за заболување од рак.