Бубрезите извршуваат множество телесни функции и доколку функционираат правилно, филтрираат околу половина шолја крв на секои 60 секунди. Филтрираната крв го поттикнува прочистувањето на урината и ги елиминира штетните материи.

Покрај тоа бубрезите го негуваат здравјето на коските, произведуваат цревни крвни клетки и хормони, го регулираат крвниот притисок, го балансираат нивото на електролити и го спречуваат наталожувањето на отпадоци и штетни материи во телото.

Бубрезите содржат милион филтрирачки единици, познати како нефрони, кои содржат две филтрирачки компоненти- гломерул и тубул. Гломерулот активно ја филтрира крвта, додека каналот ги транспортира неопходните елементи кон крвта, што истовремено ги елиминира отпадоците.

Најчестите проблеми при бубрезите вклучуваат:

  • Бубрежна инфекција: Инфекцијата настанува поради распространувањето на бактериите во мочниот меур.
  • Цисти на бубрезите: Тоа се еден вид мали торби исполнети со течност, кои растат на површината или внатре во бубрезите.
  • Бубрежен камен: Се образува кога во урината постои необично високо присуство на кристалообразувачки елементи.

16-те скриени и предупредувачки симптоми кои укажуваат на проблем со бубрезите

  • Ненадеен умор
  • Подуеност на стомакот
  • Крв во урината
  • Мускулни грчеви
  • Зашеметеност
  • Проблеми при уринирањето
  • Промени во урината, како присуство на пена или промена на бојата
  • Метален вкус во устата
  • Лош здив
  • Гадење и повраќање
  • Надразнет стомак
  • Оток на лицето и вратот
  • Чувство на чешање по стапалата
  • Нарушен сон
  • Често уринирање
  • Слаб апетит

Корисни и едноставни совети како да го одржите здравјето на вашите бубрези и да го намалите ризикот за нивно заболување

  • Пијте многу вода
  • Одржувате здрава телесна тежина
  • Избегнувајте го пушењето цигари
  • Избегнувајте или ограничете го користењето на лекарства без лекарска препорака