Се враќате вечер од работа, изморени, а дома нема ништо за јадење. Сценариото ви е добро познато, зарем не? Го отварате ладилникот и вообичаено приготвувате нешто на пример, како омлет или пржени јајца.

Сепак доколку веќе ви здосадило од овие опции, денес ќе ве научиме како за 20 минути, да подготвите фантастично пиле во тава, во префинет сос од павлака! Брзо, лесно и раскошно на вкус!

Брзо пиле во тава, готово за 20 минути!

Потребни состојки

  • 1.5 кг пиле
  • Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
  • 1 супена лажица зачин за пилешко месо
  • Масло за пржењето + 2 супени лажици масло потребно за маринадата
  • 2 главици кромид
  • 150 мл кисела павлака
  • Пикантен зачин по ваш вкус
  • 50 мл вода
  • 2 чешниња лук
  • Зелени зачини по ваш вкус

Начин на подготовка

Добро измијте го пилето и исечете го на парчиња, потоа исушете го и маринирајте го: Добро зачинете го со сол, мелен црн пипер и зачин за пилешко месо, а потоа нанесете малку масло за готвење на вашите раце и со триење, пренесете го и од двете страни на месото.

Следно загрејте масло во длабока тава и испржете ги парчињата пилешко месо до нивно вцрвенување и од двете страни. Откако ќе биде готово, поставете го местото на чинија.

Во остатокот од маслото за готвење, испржете го кромидот до негово омекнување и добивање златна боја, а потоа внатре додадете ја киселата павлака и водата и добро измешајте ги состојките до добивање хомогена смеса. Зачинете по ваш вкус, а потоа поставете ги во добиениот сос и парчињата пилешко месо.

Покријте ја тавата со капак и гответе го месото, додека истото да омекне, а притоа сосот додека да се згусне.

На средина од готвењето, нанесете изрендан лук и на крај и свеж зачин.

Послужете го пилето потопетено во богатиот вкус од кремастиот сос.

Пријатен апетит!