Стареењето е неизбежен процес и дел од животот, а со истиот се појавуваат видливи знаци како белеењето и губењето на косата, појавата на несакани брчки, недостаток на енергија во мускулите и слично.

И иако не можеме стареењето да го спречиме, сепак постојат за ублажување на неговите видливи симптоми, преку регулирањето на храната и одржување на активен начин на живот.

Со цел да го одржите сјајот и виталноста на вашето тело и кожа, потребно е да ги консумирате следните 11 чудесни напитоци:

1. Кафе

Историски гледано, кафето немало добра репутација, но новите истражувања покажуваат дека информациите за него дека е штетно се сосема невистинити. Постојат бројни научни докази дека кофеинот го штити телото од хронично воспаление и притоа го спречува превременото стареење, а воедно го намалува и ризикот од појава на рак на кожата. Според едно европско истражување, луѓето кои консумираат 1 шолја кафе дневно, го намалуваат ризикот за појава на рак за 10%.

2. Овошен напиток со јогурт

Комбинација од банани или свежи боровинки во јогурт или кисело млеко, може да резултира со лековита козметика, која всушност може да ја консумирате. Зрелите банани се богати со пектин кој го регулира нивото на шеќери во крвта. Пектинот, исто така, помага да се отстранат штетните токсини од телото, процес кој е клучен во успорување на процесот на стареење. Од друга страна, боровинките се богати со витамин Ц, кои ја одржуваат еластичноста на кожата.

3. Вино

Иако претераната консумација на вино може сериозно да му наштети на црниот дроб, умереното пиење го намалува воспалението и болестите кои се директно поврзани со стареењето. Исто така, умереното пиење го намалува ризикот од појава на деменција и нАлцхајмерова болест. Истовремено, ова се однесува на консумирањето на црвено вино, бидејќи го содржи т.н ресвератрол.

4. Вода

Телото на возрасен човек содржи околу 65% вода, што значи дека водата е од голема важност за одржувањето на хидратацијата на телото, која е пак важна за правилното функционирање на сите органи. Без соодветна хидратација, кожата станува сува и збрчкана и започнува да старее пребрзо. Водата исто така ни помага ефикасно да ги отстраниме штетните токсини од нашиот организам.

5. Чај

Зелениот чај е богат антиоксидант, кој успешно се бори против стареењето, при што ја спречува појавата на брчки, со поттикнување на клеточниот раст и развој. Покрај консумирање во форма на напиток, од зелениот чај може да си приготвите и маски за лицето и кожата, кои ќе имаат подеднаков чудесен ефект.

6. Сок од цвекло

Цвеклото е богато со хранливи вредности, кои според едно истражување го зголемуваат протокот на крвта во предниот дел од мозокот, со што се намалуваа шансите т.е ризикот за појава на деменција и конгитивен пад. Антиоксидантите кои ги содржи цвеклото, може да го заштитат телото од слободните радикали и успешно да се изборат против брчките.

7. Напиток од бадемово млеко, банани и авокадо

Бадемовото млеко ги содржи витамините А, Е и Д, кои се клучни за одржувањето на младиот изглед на кожата. Тоа е исто така богато и со калциум и протеини, кои помагаат да се зацврстат ноктите и косата.

Авокадото пак, е богато со мононезаситени масти кои го одржуваат сјајот и блескавиот изглед на кожата, а бананите исто така ги содржат клучните витамини А, Б и Е кои го забавуваат процесот на стареење.

8. Свежо исцеден сок од грејпфрут

На нашето тело му е потребен витамин Ц, за да успешно произведува колаген, кој е одговорен за свежината и еластичноста на кожата. Токму грејпфрутот е богат со витамин Ц, па затоа пиењето чаша сок од ова овошје, не само што ќе ги намали брчките, туку целосно ќе ја регенерира вашата кожа и ќе ја направи да изгледа млада. Истовремено, грејпфрутот е богат со антиоксидантот ретинол, кој помага поефикасно да заздрави оштетената кожа.

9. Кокосова вода

Кокосовата вода е богата со минерали и електролити, кои се од суштинско значење за здравиот метаболизам на аминокиселините, липидите и јаглехидратите, како и за подобрување на функцијата на преработка на храната и задржување на хранливите вредности од истата. Коксовата вода истовремено содржи и растителен хормон наречен цитокинин, кој го потткнува клеточниот раст и воедно има антиканцерогени својства.

10. Сок од алое вера

Сокот од алое вера содржи бројни аминокиселини и хранливи материи, кои се клучни за зголемување на производството на колаген во телото. Антиоксидантите присутни во составот на овој природен сок ја поттикнуваат регенерацијата на кожата и помагаат да се задржи нејзината еластичност.

11. Млеко

Бројни истражување докажале дека почнувајчќи од 30-та година од нашиот живот, нашето тело започнува секоја година да губи по 1/2% од своја мускулна маса, при што за една деценија таа опаѓа за дури 12-15%.

Леуцинот е една од 9-те аминокиселини во човечкото тело, која е клучна за спречување на овој процес. Покрај поттикнувањето на мускулниот раст, таа го регулира и нивото на шеќерот во крвта и го забрзува процесот на заздравување на раните. А токму млекото е најбогатиот извор на протеините кои го содржат леуцинот.