Класичниот сендвич со кашкавал е речиси омилена ужина на сите, од деца до возрасни, а подеднакво омиленин се и пржените лепчиња. Но, кога тие две јадења ќе се спојат во едно, тогаш настанува комбинација која буквално се топи во уста!

Потребни состојки

  • 4 парчиња леб
  • 4 парчиња кашкавал
  • 2 парчиња шунка
  • 1 јајце
  • Половина шолја млеко
  • 2-3 кафени лажици лебни трошки
  • Масло за готвење
  • Сол по ваш вкус

Начин на подготовка

Измешајте го јајцето со млеко и додадете сол по ваш вкус.

Потоа на парче леб, поставете парче кашкавал, одозгора парче шунка и повторно парче кашкавал, а на крај поставете уште едно парче леб. Подготвениот сендвич пресечето го дијагонално

Потопете го секој сендвич поединечно во смесата од јајцат и млекото, а потоа и од двете страни на седнвичот, нанесете лебни трошки.

Пржете ги така приготвени седнвичите, додека не добијат златна боја и од двете страни.

Сервирајте ги топлите пржени сендвичи со свеж зеленчук и додатоци по ваш вкус.

Пријатен апетит!