Косата по третманот за ламинирање изгледа луксузно: Блескава, густа, раскошна и мека на допир. Целата структура на истата е обновена и од салонот, изглегуваме со совршен волумен.

Сепак, оваа фризерска услуга не е евтина, а покрај тоа, за да нејзиниот ефект биде подолготраен, треба да отидеме на фризер најмалку 5 пати.

За таа цел, за денес ви откриваме како да си приготвите ламинирачка маса во домашни услови од неколку едноставни состојки, кои веќе ги имате во домот.

Желатинско ламинирање

Потребни состојки

  • 1 супена лажица желатин
  • 3 супени лажици топла вода
  • 1 супена лажица било каква маска за коса или регенератор

Начин на подготовка

Додадете го желатинот во стаклен или керамички сад и покријте го истиот, додавајќи врз него топла (не врела) вода. Измешајте додека желатиност не се целосно раствори.

Во желатинот додадете 1 супена лажица вообичаена маска или регенератор за коса. Во оваа постапка, може да ја збогатите смесата со витамини како А и Е, додавајќи масло од пченичен микроб и етерични масла.

Добиената смеса се нанесува на претходно измиена коса, по целата нејзина должина, почнувајќи од врвовите.

Завиткајте ја косата во пунџа и ставете капа за туширање или завиткајте ја во фолија. Така завитканата коса треба да се затопли и од време на време, може да користите и фен за нејзино дополнително затоплување.

Оставете ја маската да отстои 30 минути и потоа исплакнете со многу вода, без шампон.

Исчистете ја потоа со крпа и исушете ја на природен начин, без фен. Доколку сте приготвиле повеќе од смесата, остатокот складирајте го во сад, притоа истиот ставете го во ладилник, до следната употреба.

Ефектот на овој начин на домашно ламинирање се забележува уште по првата употреба на желатинската маска. Се препорачува користење на маската 2 пати недела, во период од 1 месец. Резултатите ќе бидат неверојатни!