„Златното млеко“ е прекрасен, вкусен и неверојатно здрав напиток, особено погоден за консумирање навечер, односно пред спиење, а придобивките од истиот се извонредни.

Главната состојка во овој рецепт е куркумата. Куркумата содржи куркумин, полифенолен кој важи за како основна активна состојка, со што се постигнуваат повеќе од 150 потенцијално терапевтски активности и вклучува антиоксидантни, антиинфламаторни и антиканцерогени својства.

Дополнителни придобивки од напитокот:

  • Антивоспалително дејство, антиоксиданс, антисептик, аналгетик
  • Го зајакнува имунитетот
  • Антиканцероген
  • Помага во одржување на нивото на холестерол
  • Го стимулира здравјето на дигестивниот систем
  • Прочистувач на црниот дроб
  • Го регулира метаболизмот и ја регулира телесната тежина
  • Го регулира високиот крвен притисок
  • Ја подобрува меморијата и мозочната активност
  • Помага при разни состојби на кожата
  • При невролошки нарушувања
  • Ги намалува триглицеридите

Златно млеко

Потребни состојки:

  • 1 шолја млеко по ваш избор (може да биде и растително)
  • 1 кафена лажица кокосово масло
  • 1/4 до ½ кафена лажица паста од куркума
  • Мед или некој билен засладувач (по избор)

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки заедно освен медот во тенџере за готвење. Вклучете го огнот на средна моќност. Додека се загрева, задолжително мешајте постојано и не оставајте да зоврие. Додадете мед по желба.