Многу луѓе ширум светот имаат свои лични профили на разни социјални мрежи каде обожаваат да објавуваат фотографии од себе, како и од нивните најблиски. Така, овој млад татко ја објави неговата ќерка, не знаејќи дека така ќе го спаси нејзиниот живот!

Таткото објави фотографија сакајќи да го истакне моментот од првото капење на неговото мало девојче. Неговата ќерка на фотографијата изгледа навистина разочарно и тажно бидејќи морала да се капе, а младиот татко сметаше дека едноставно изгледа навистина слатко и смешно и мораше да ја објави.

Многумина беа едногласни дека фотографијата е навистина слатка и неодолива, но меѓу неговите пријатели кои коментираа беше и еден лекар кој напиша: „Ми се чини како нејзините очи полека да жолтеат. Така ми изгледа, но тешко е да се каже, поради квалитетот на целата фотографија. Можеби не е ништо, но исто така може да биде симптом на неонатална жолтица. Ако и нејзината кожа изгледа исто така малку жолтеникава, потребно е да го проверите тоа. Извинете за мојата загриженост, но јас сум лекар и затоа си дозволив да коментирам.“

Откако таткото го прочитал коментарот, веднаш ја одвел неговата ќерка на преглед, по што било утврдено она што го напишал лекарот во коментар, кој несомнено со истиот го спаси животот на девојчето.