„Се сеќавам на еден час по биологија, кога се почувствував навистина лошо. Учевме за генетика и професорот ни објаснуваше кои заболувања се наследни. За пример ја посочи испакнатата коска на стапалото.

Испакнатата коска на стапалото покрај тоа што има непријатен изглед, е навистина болна, а според зборовите на професорот, се наследува по женска линија. Доколку вашата баба или мајка ја имале, најверојатно во текот на животот и вие ќе се соочите со појавата на испакната коса на стапалото.

Мајка ми отсекогаш страдала од овој проблем. И не ниту чудно, бидејќи повеќе од 30 години работеше како медицинска сестра и постојано беше на нозе. Кога професорот спомна за испакнатата коска на часот по генетика, јас веднаш го спомнав проблемот на мајка ми и си помислив- и јас ли ќе се соочам со истото?“

Како да се ослободите од испакнатата коска на стапалото

„Професорот по биологија беше делумно во право. При наследувањето на гените, се пренесува склоноста за деформација и зголемување на коскеното тикво при стапалото. Доколку се грижите за вашите стапала, носите соодветни чевли и не ги оптеретувате стапалата, односно внимавате на вашата телесна тежина, се грижите да не им биде престудено или претопло, тогаш се ќе биде во ред.

Јас понекогаш имам болки при испакнатата коска и тогаш една медицинска сестра ме советуваше да го направам следното, односно да во домашни услови да си направам третман кој тие во болницата го практикуваат на пациентите кои имаат проблем токму со испакнатата коска.“

6 природни начини како да ја намалите испакнатата коска на стапалото без операција

Што ви е потребно?

  • Маслен раствор на хлорофил и еукалиптус т.е Хлорофилипт (есктракт од листот на еукалиптус кој содржи хлорофил)
  • Димексид
  • Парче ткаенина или памук за облогата
  • 5 мл шприц
  • Пластична чаша или било каков сад за подготовка на растворот

Начин на подготовка

1. Користејќи го шприцот, извадете 3 милилитри од маслениот раствор Хлорофилипт. Течноста додадете ја во пластична чаша или друг чист сад.

2. Потоа, повторно со шприцот извадете 1 милилитар од Димексидот и измешајте го со Хлорофилиптот. Измешајте ги течностите.

3. Потопете го парчето ткаенина или памукот во добиената смеса и така нанесете ја врз површината на испакнатата коска. Се препорачува третманот да се прави наутро и навечер, а облогата треба да стои врз испакнатата коска во времетраење од 15 минути.

Доколку и вие веќе долго време се соочувате со болки, кои се резултат на испакнатата коска, тогаш обидете се да го направите овој домашен третман. По само еден ден од неговото практикување, веќе следното утро ќе го почувствувате ублажување и олеснувањето на болката.