Половина од возрасната популација се соочува со деформацијата “Hallux vagus” или испакната коска на стапалото. Тоа е еден вид коскено изместување на внатрешната страна на коренот од палецот, кое резултира со јака болка. Во прилог прочитајте како на природен начин да се справите со овој проблем, без операција.

1. Соблечете ги чевлите и одете боси

Секогаш кога ќе имате можност, одете боси. Ова ќе придонесе за зајакнување на мускулите на стапалата и ќе ја врати коската во нејзината првобитна и правилна положба. Истовремено, вашите стапала ќе одморат од неудобните чевли.

За поголема удобност, одењето боси најчесто правете го на тепих или подебела подлога.

2. Пиперките помагаат при воспалувањето

Црвените чили пиперки имаат антивоспалително својство и исто така, можат да ја затоплат испакнатата коска, со што ќе ја подобрат циркулацијата на крвта.

За да ги искористите пиперките како лек, најпрво исечкајте ги и изберете еден од следните начини кој повеќе ви се допаѓа:

  • Исцедете го сокот од пиперките и нанесете врз коската. Потоа, нанесете малку вазелин или мелем и обвиткајте со парче ткаенина. Оставете да отстои 15 минути.
  • Измешајте ги исецканите пиперки со маслиново масло во сооднос 1:2 и нанесете ја смесата врз коската. Нежно масирајте ја нејзината површина 15 минути.

3. Зајакнете ги мускулите на стапалата

Со мали и едноставни вежби, не само што ќе ги зајакнете мускулите на стапалата, туку со вежбите ќе се намали и непријатната и јака болка од испакнатата коска. Вежбите правете ги бавно, без премногу да ги заморувате стапалата.

  • Во висечка положба, исправете се и притиснете ги вашите стапала кон подот во времетраење од 10 секунди, без да ја кревате потпетицата. Потоа, кренете ја истата и задржете се така исто 10 секунди. Повторете ја вежбата 5 пати.
  • Свиткајте ги прстите на стапалата на крпата и така со помош на прстите, привлечете ја крпата кон вас. Потоа исправете ги стапалата. Повторете ја вежбата 5-10 пати.

4. Користете лед да ја намалите болката

Ледот може да помогне при намалување на воспалението и притоа, во намалување на болката што ја предизвикува испакнатата коска. Се што ви треба се неколку коцки лед и парче ткаенина.

Замотајте ја коцката лед во ткаенината и ставете ја врз коската. Не притискајте го ледот кон нејзината површина и држете 10-20 минути. Овој третман може да го повторите 1-2 пати во текот на денот.

5. Рицинусовото масло ја намалува испакнатата коска

Рицинусовото масло е богато со антиоксидански и антимикробиолошки својства. Помага во намалување на воспалувањето и болката и затоа активно се користи за лекување на испакнатата коска.

Земете 50-100 мл рицинусово масло и загрејте го. Потопете мало парче ткаенина во маслото и ставете го на коската. Завиткајте го вашето стапало со завој или крпа за да ја задржите топлината. Држете така 20 минути и повторете го овој третман 1-2 пати во текот на денот.

6. Помагало за испакната коска кои ги здржуваат прстите во природната положба

Овие силиконски помагала се уште еден одличен начин како да ја третирате испакнатата коска. Најпрво, ја отстрануваат неудобноста при носењето чевли, го спречуваат триењето и можност стапалото да се измести.

Второ, го поместуваат палецот во неговата природна  положба, со што ја враќаат коската во правилната позиција.

Силиконските заштитници се достапни и кај нас.