Време е официјално да ги оставиме на страна тешките зимски чизми и конечно на нашите стапала да им го дадеме потребниот гламур со најбараните обувки за ова лето!

Станува збор “mинималистички сандали” (анг. Naked или floss sandals), односно сандали кои се карактеризираат со многу суптилен дизајн од тенки ремени нежно испреплетени напред, што едвај се приметуваат, а на стапалата им даваат неверојатна софистицираност и елеганција.

Најбарани е минималистичкиот дизајн во бела боја, но сандалите ги се застапени во боите од целата палета.

Пастелно сини, портокалови, нежно виолетови…Инспирирајте се за вашиот следен романтичен изглед со овој летен шарм!