Вистинската убавина не знае за форма, тежина и боја- Ова полека станува мотото на современата модна индустрија, а на модните писти се повеќе може да забележиме луѓе со необична, но извонредна убавина. Во продолжение следуваат 12 модели кои ја поместуваат границата на модната магија со нивната уникатност.

1. Сара Гертс

Сара има само 28 години и страда од ретка болест која го попречува создавањето на колаген, кој пак, е одговорен за еластичноста на кожата.

2. Лили Мекменами

Лили е британски модел со американско потекло, која ги краси модните едиторијали со нејзината специфична голема уста, заби и уши и важи за невообичаена убавина.

3. Прешас Ли

Додека повеќето се срамат од својот изглед и тежина, тоа не е случајот со Прешас. И покрај тоа што и било речено да си го смени името, својот изглед, својата коса итн, таа му верувала на својот инстинкт и сега ги реди своите модни успеси.

4. Рефилви Модизел

Рефилви Модизел е позната како првиот професионален модел од Јужна Африка со албинизам.

5. Лара Стоун

Данскиот модел има само едно мало “несовршенство”- јаз меѓу предните горни заби. Но, таа не се грижи, ниту пак планира да ги корегира естетски, бидејќи со нејзината ексцентрична убавина, Лара стана една од највлијателните модели во модната индустрија.

6. Настја Кумарова

На прв поглед, Настја изгледа како кршлива порцеланска кукла. Но, во реалноста таа има албинизам, ретка состојба при која албино личноста нема доволно пигмент во очите, косата и кожата. Сепак, тоа не ја спречи Настја да изгледа извонредно!

7. Алба Парејо

Алба има преку 500 белези од раѓање, а за да отстрани дел од нив морала да помине низ 30 операции, кои и оставиле трајни лузни.

8. Меделин Стјуарт

22-годишниот модел со Даунов синдром, Меделин Стјуарт е една од ретките и најхрабрите личности која не се плаши да ја покаже својата болест. Во 2015-та година беше првиот модел од ваков вид да ги краси модните писти при Њујоршката модна недела.

9. Кели Нокс

Родена без лева пoдлаткица, убавата Кели на 17-годишна возраст одбила да носи портеза и сосема ја прифатила својата состојба. На овој начин таа ги инспирира и останатите да се прифатат себе си.

10. Ејприл Стар

14-годипната Стар страда од витилиго и на училиште постојано била малтретирана од учениците, се додека не ја запознала Вини Харлоу, колешка-модел која страда од истата болест. А по нивната средба, Ејприл конечно научила да се сака себе си.

11. Мелани Гејдос

Мелани е девојка која страда од многу ретка генетска состојба која влијае врз растот на нејзините заби, коса, нокти, па дури и малите коски. Но, ова не ја спречило уникатната Гејдос да изгради успешна кариера во модната индустрија.

12. Јаземена Роси

Родена во 1955-та година, Јаземена е доказ дека годините се само една обична бројка